Општина Гевгелија објави Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општината за 2027 година, со цел поддршка на културните активности, развојот и афирмацијата на културата на локално ниво.
На Конкурсот можат да учествуваат физички и правни лица, уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, трговски друштва и други регистрирани субјекти кои работат во областа на културата.
Финансиска поддршка ќе се доделува за проекти и активности од областа на музичката и сценско-уметничката дејност, манифестациите и фестивалите, ликовната и визуелната уметност, видеото, фотографијата и филмот, литературата и издаваштвото, драмската дејност, фолклорот, меѓународната културна соработка, културната инклузија и дејностите на културните институции.
Пријавите со потребната документација се доставуваат до Општина Гевгелија по пошта или во Архивата на Општината, на адреса ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, Гевгелија. Задолжително е пријавите да се достават и електронски, во Word-формат, на е-поштата petarjancev@gevgelija.gov.mk.
Рокот за поднесување пријави е до 16 ноември 2026 година.
Конкурсот, пријавите и потребните обрасци се достапни на дадениот линк во прилог.
Дополнителни информации можат да се добијат на телефонските броеви 071/207-199 (Љубица Карајанова) и 075/219-453 (Петар Б. Јанчев).



