Општина Гевгелија објави Конкурс за финансирање на спортските активности за 2027 година, со цел поддршка на спортските клубови, спортистите и спортските иницијативи од интерес на општината. Средствата за финансирање ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Гевгелија за 2027 година.
Финансиската поддршка ќе биде наменета за спортски манифестации, училишен спорт, спорт за сите, спорт за лица со посебни потреби, натпреварувачки спорт и дополнителни спортски активности.
Право на аплицирање имаат спортски здруженија и клубови, училишни спортски сојузи и други правни лица регистрирани за вршење спортска дејност, како и физички лица. Апликантите треба да ја достават потребната документација, вклучително и пријава, преглед на буџетот и план на трошоците.
Конкурсот, пријавите и потребните обрасци се достапни на линкот даден во прилог. Документацијата треба да се достави по пошта или во Архивата на Општината, на адреса ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, Гевгелија, а задолжително и електронски, во Word-формат, на е-поштата petarjancev@gevgelija.gov.mk.
Крајниот рок за доставување на пријавите е 16 ноември 2026 година, до 16:00 часот.
Дополнителни информации можат да се добијат на телефонските броеви 071/207-199 (Љубица Карајанова) и 075/219-453 (Петар Б. Јанчев).
Линк: Конкурс за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2027 година


