Општина Гевгелија објави Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници за организирање културни активности во 2027 година, со цел поттикнување и поддршка на културните и другите активности што ги организираат месните заедници во населените места на општината.
Право на учество на Конкурсот имаат сите активни Месни заедници со легитимни органи на управување, кои ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место.
Заинтересираните Месни заедници треба да достават пополнета пријава (апликација) во два истоветни примерока, како и потврда за отворена и активна жиро-сметка на име на физичко лице или правно лице- претставник на Месната заедница. По потреба, може да се приложат и други документи поврзани со проектната програма.
Пријавите се преземаат од официјалната веб-страница на Општина Гевгелија: www.gevgelija.gov.mk.
Рокот за доставување на апликациите е од 20 ноември до 11 декември 2026 година. Документацијата може да се достави по пошта на адреса: Општина Гевгелија, ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480 Гевгелија или непосредно во Архивата на Општината, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од рокот, со назнака „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2027 година“.


