Во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, во тек е поставувањето фотоволтаична централа, со која Училиштето ќе произведува сопствена електрична енергија од обновливи извори. Со оваа инвестиција ќе се намалат трошоците за електрична енергија и ќе се зголеми енергетската независност на училиштето.
Активноста се реализира во рамки на прекуграничниот проект „Green for Good- G4G“, меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, финансиран преку Interreg IPA програмата на Европската Унија, чиј фокус е примената на одржливи енергетски решенија.
По тој повод, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна:
– Продолжуваме да ги користиме можностите што ги нудат европските фондови за реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за нашите јавни установи и граѓаните на Гевгелија.
Со реализацијата на оваа активност, ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија се вклучува во примената на обновливите извори на енергија, преку инвестиција што ќе има долгорочна корист за работењето на Училиштето.







