Новоформираниот Пинг-понг клуб „Гевдион“- Гевгелија ја започна својата работа со организирањето на првиот трунир во пинг-понг. Спортскиот настан се одржа во Негорци, на којшто учествуваа седум играчи од различни градови и четири клубови од Македонија, натпреварувајќи се во повеќе.
– Со организирање на првиот настан, Пинг-Понг Клубот „Гевдион 2023″ испиша успешен почеток на работа на македонската пинг-понг сцена. Од клубот ме информираа дека во наредниот период започнуваат со подготовка за идните предизвици. Нивните планови се да започнат со активни тренинзи и натпреварувања во Втората македонска лига. Мојата поддршка е тука за сите ентузијасти во градот. Секоја иницијатива за организирање и формирање на спортски клубови и настани е добредојдена. На овој начин, создаваме услови за вклучување на младите и овозможување нивен правилен развој, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по одржувањето на турнирот.
Имено, најдобри на турнирот беа: Aндреј Васевски од Куманово, Борче Талевски од Битола и Јован Коминовски од Битола во Апсолутна категорија Single; Кристијан Бојманлиев, Ристо Самарџиев и Ѓорге Бојмалиев од Негорци во категоријата Топ 8 Гевгелија и ППК „Куманово“, ППК „Пелистер“ и Homemade- Негорци во Апсолутна категорија double. За победниците беа обезбедени парични награди од генералните спонзори и поддржувачи: Тобако „Булевар“- Гевгелија, ППК „Куманово“, ППК „Саса“- Македонска каменица“, ППК „Патриоти“- Велес и ППК „Пелистет“- Битола. ППК „Гевдион“ ја изрази својата благодарност до градоначалникот Андон Сарамандов и Општина Гевгелија за добивањето поддршка преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2024 година, како и до директорот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци.
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/431328172_418987477185954_5791954983814109049_n-768x1024.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/431331191_418987430519292_2272430658847654152_n-768x1024.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/431286501_418987563852612_3359739187166449868_n-1024x768.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/431311634_418987373852631_4693084278896445273_n-815x1024.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/431280012_418987493852619_2444970798598475488_n-1024x721.jpg)