Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 13 март 2024 година, одржувајќи ја својата 40. седница. На претстојната седница, Советот ќе расправа по Извештајот за работа на Градоначалникот на oпштина Гевгелија за 2023 година. Како и по акти поврзани со финансиското работење на локалната самоуправа – Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за периодот 01.01 – 31.12.2023 година кумулатив и Предлог-Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
Исто така, на 40 седница, Советот ќе ги разгледува Годишните завршни сметки на образовните и културните институции и Годишната завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 40. седница, е предвиден следниот дневен ред:
Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 13 март 2024 година, одржувајќи ја својата 40. седница. На претстојната седница, Советот ќе расправа по Извештајот за работа на Градоначалникот на Општина Гевгелија за 2023 година. Како и по акти поврзани со финансиското работење на локалната самоуправа – Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за периодот 01.01 – 31.12.2023 година кумулатив и Предлог-Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
Исто така, на 40 седница, Советот ќе ги разгледува Годишните завршни сметки на образовните и културните институции и Годишната завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 40. седница, е предвиден следниот дневен ред:
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
- Извештај за работата на Градоначалникот на општина Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за периодот 01.01 – 31.12.2023 година (кумулатив),
- Предлог-Завршна сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ООУ „Владо Кантарџиев “- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година,
- Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
- Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024 година.