Гевгелија ќе биде прв град- домаќин на „Комунити карванот“ за промоција на првата мобилна апликација „Комунити“, алатка за учество и комуникација помеѓу граѓаните и општината. Утре (9 март 2024 година), на плоштадот во Гевгелија, со почеток во 10:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да го проследат промотивниот настан за користење на апликацијата, со цел да се поттикнат поврзување, соработка и позитивни промени во заедницата преку директна комуникација со општинската власт. Настанот ќе биде збогатен со музички перформанс и награди за најактивните посетители.
Во наредниот период, преку ова патувачко претставување, граѓаните од шест општини во земјата ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот. Карванот се организира во рамки на Проектот на УСАИД: „Здружи се за заедницата“, којшто го спроведува Асоцијацијата „Конект“ во партнерство со Фондацијата „Аполонија“, „Индиго“ и ЕВН.
Имено, „Комунити“ е нова интерактивна апликација, којашто може да се преземе од мобилните продавници за апликации (App store). Нуди информации, праќање известувања, поплаки или пишување статии за сите членови на заедницата – без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење, како би можеле активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина.