Утре, (13 јуни 2024 година), завршува четиридневната црковна и културно-уметничка програма за чествување на Спасовден 2024 година. Почнувајќи од 07:00 часот, Гевгелиското Архиерејско намесништво ќе одржи Утринска Богослужба, а по неа, во 08:15 часот, Света Архиерејска литургија, со којашто ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски, г-дин Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски, г-дин Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски, г-дин Јосиф, во манастирот „Св. Спас“.
Вечерта, празнувањето на Св. Спас ќе биде затворено со етноперформансот „Од пастел, облекло“, во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Којшто ќе започне во 19:30 часот, а ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар- Гевгелија.