Во Гевгелија, на 17 јули 2024 година (среда), ќе гостува Театар „Хит“- Скопје со претставата за деца од нивниот репертоар „Разгалениот принц“. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, претставата ќе биде изведена во рамки на јулската програма за „Гевгелиско културно лето“, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:30 часот.
Се работи за претставата којашто ги обработува детските права, но и ги потсетува дечињата на обврските што треба да ги исполнат. Улогите ги толкуваат Mагдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, а режијата е на Сашо Ристовски.