Заедно со тимовите на Црвениот крст од Гевгелија, како и со поддршката на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија и директорот, д-р Патрик Матх, беше организирана акција на Градскиот пазар во Гевгелија.
Како дел од потребните превентивни здравствени третмани, на граѓаните им беше понудена проверка на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.
Во летниот период проследен со високи температури, важно е граѓаните навремено да бидат информирани за начините за заштита од топлото време и грижа за сопственото здравје.
Од таа причина заедно со шише ладна вода, беа поделени и информативни флаери, се со цел превентивна едукација за заштита од летните топлотни браниви.
Тимовите на Црвениот крст и во следниот период ќе бидат достапни за поддршка на граѓаните при справувањето со топлото време.