Во летниот ек на туристичката сезона, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов заедно со волонтерите при Клубот на млади на ОО Црвен крст- Гевгелија делеа промотивен материјал за туристичката понуда во општина Гевгелија. На граничниот премин „Богородица“, на транзитните туристи преку директна комуникација им беа поделени флаери и промо-материјали изработени во рамки на платформата за туризам Gevgelija – spice up the journey, запознавајќи ги со туристичките потенцијали.
Како што истакна градоначалникот Сарамандов, оваа акција се спроведува во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија со цел странските, но и домашните туристи да се запознаат со туристичкиот капацитет на општината и нивно подолго задржување во Гевгелија.