Општина Гевгелија го подготви 105. издание на општинското гласило „Гевгелиски магазин“. Во новиот број, се опфатени повеќе рубрики коишто даваат информации за работата на градоначалникот Сарамандов и Општина Гевгелија за инвестициските зафати, особено во текот на летниот период. И тоа, во областа на патната и комуналната инфраструктура, како и повеќето изградени спортски игралишта и детски катчиња на подрачјето на Општина Гевгелија. Општинското гласило посебно се осврнува на успешниот 2. по ред Фестивал “Taste the south Gevgelija- Вкуси го југот“, којшто на гевгеличани и бројните гости од страна им донесе добра забава преку локална храна, пијалоци и културно-уметничка програма во којашто учествуваа локални и познати естрадни уметници од државата.
Покрај тоа, на страниците на „Гевгелиски магазин“ е застапено интервјуто со директорот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, Александар Аврамов, во кое ги открива тековните и идните активности за развој на културата и анимирањето на младите во општина Гевгелија.
„Гевгелиски магазин“ дава хроника и на богатото културно лето за коешто се погрижија ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерскиот дом, како и за спортските настани и манифестации коишто ја одбележаа општина Гевгелија како значаен спортски центар. Секако, во новиот број на „Гевгелиски магазин“, се опфатени и активностите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и, воопшто, сите успеси на младите гевгеличани.
Електронската верзија може да се најде на следниот линк: Општински гласила.