„Кога животот ти дава сто причини за да плачеш, покажи му дека имаш илјадници причини за да се насмевнеш“- рекол непознат автор.
Канцерот во нашето тело е можеби една од стоте причина да плачеме, но не е причина да не му се насмевнеме на животот. И, покрај помислата: „Зошто баш јас“. Ама jас, ти или ние, животот е еден и треба да се бориме за него.
Крајот на Кампањата: „Розов октомври“, Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија го одбележаа со Јавна трибина за Месецот на женското здравје: „Биди свесна, проверувај редовно“, во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија и ПЗУ „Д-р Никова“- Гевгелија. Со цел подигање на свеста кај жените за ракот на дојката и репродуктивните женски органи.
За: важноста на самопрегледот, улогата на медицината и третманот на рак на дојка и другите репродуктивни органи кај жените, статистички податоци за Општина Гевгелија со број на заболени жени од канцер и менталното здравје кај жените со малигни заболувања зборуваа:
– д-р специјалист радиолог, Нако Поп-Ристов;
– д-р специјалист хирург, Зоран Димитров;
– д-р специјалист гинеколог, Петранка Никова;
– м-р по психолошки науки, Розита Андонова.