Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 51. седница, на којашто ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија, согласно својата Програма за работа во 2024 година. Седницата е закажана за 14 ноември 2024 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 51. седница е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за прашања на верификација на мандати при Советот на О. Гевгелија,
2. Предлог-Решение за именување член на Комисијата за прашања за верификација на мандати при Советот на О. Гевгелија,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на О. Гевгелија за кварталниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 30.09.2024 година,
4. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2024 година,
6. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Oпштина Гевгелија за 2024 година,
7. Предлог-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Гевгелија за 2025 година,
8. Предлог-Програма за измени и дополнувања на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година,
9. Предлог-Програма за измени и дополнувања на Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2024 година,
10. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2024 година,
11. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2024 година за сметка 7150108087-903-13 (наменски блок дотации),
12. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година по ставки и потставки (блок дотации за периодот јануари-декември 2024 год.), за сметка 7150108079-903-10,
13. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2024 година по ставки и потставки (блок дотации за периодот јануари-декември 2024 год.), за сметка 715010810990317,
14. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2024 година, по ставки и потставки (блок дотации за периодот јануари-декември 2024 год.) за сметка 7150108257 -903-16,
15. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 год., за сметка 715010945890315 (блок дотации),
16. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 год., за сметка: 7150110405-903-14 К2 – програма (блок дотации),
17. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за период 01.01.2024 – 31.12.2024 год., за сметка 903 (ребаланс),
18. Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
19. Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизацијата на работните места во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
20. Предлог-Одлука за усвојување на Интегрален локален развоен план на Општина Гевгелија 2024-2027,
21. Предлог-Одлука за одделување средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година – парична награда за пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија, вработените во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и вработените во Национални шуми – ПШС „Кожуф“- Гевгелија,
22. Предлог-Одлука за прифаќање на Донацијата на изведба со градежни работи и техничка документација – Основен проект за изведба на втора фаза од канал Раул со мост,
23. Информација за хортикултурното уредување во општина Гевгелија.