Гевгелија беше два дена главен спортски центар на атлетиката со одржувањето на трката “November run”, во организација на АК „7 Ноември“- Гевгелија. Дека оваа трка, која што го доживеа 4. издание, е единствена ширум земјата, и по организација, и по бројот на учесници (2.700) не само од Македонија, туку и атлетичари од странство и посетители, потврдуваат позитивните критики од реномирани спортисти, но и постигнатите резултати на детските трки, трките на 5 и 10 км., како и одржувањето на 2. по ред Инклузивна трка.
Спортското дводневно празнување на Денот на ослободувањето на Гевгелија започна со Инклузивната трка “Run together”, во организација на Фондација „Ице Бегов“- Скопје, а во соработка со АК „7 Ноември“- Гевгелија. На трката земаа учество 800. луѓе, со цел да покажат дека и во маратонските трки не постојат бариери за лицата со попреченост. Обоена во зелено, Гевгелија докажа дека не е само спортски град каде се одржува некаква трка, туку е град на љубовта, поддршката, единството, хуманоста и емпатијата, благодарејќи на мисијата на Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје. За што, од македонскиот олимписки шампион, Шабан Трстена добија Златен олимписки оскар за хуманост, како високо признание за нивната мисија. На Инклузивната трка, учествуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со своето семејство.
Општина Гевгелија се гордее што има деца, коишто уште од мали нозе се љубители на спортот, и што е најважно, го оправдуваат својот труд и членство во АК „7 Ноември“- Гевгелија со постигнување успеси. На трките на 1 км., во машка категорија (2011, 2012, 2013 година), се постигнати резултати со трчање на трасата за помалку од 4 минути. Имено, членовите на АК „7 Ноември“, Антонио Каракабаков го освои 1. место (3 мин. и 21 сек.), Максим Ангов- 2. место (3 мин. и 30 сек.), а Ѓорги Петров- 3. место (3 мин. и 38 сек.). Во женска категорија, 1. место го освои Теодора Петрушевска (3 мин. и 54 сек.), 2. место Теона Петрушевска (3 мин. и 58 сек.) и 3. место Љупка Итова (4 мин. и 12 сек.).
Во категоријата девојчиња (2014-2017), 1. место го освои Илина Станојеска со време од 4 минути, а од АК „7 Ноември“ – 2. место Ана Бегова со време од 4 мин. и 11 сек., 3 место. Каја Алексовска со време од 4 мин. 12 сек. и 4. место Добрилка Семенакова со време од 4 мин. и 16 сек. Во машката конкуренција, АК „7 Ноември“ беше најдобар – 1. место го освои Томче Петков (3 мин. и 55 сек.), Јован Лазаровски 2. место (4 мин. и 3 сек.), а Даријан Јаневски 3. место (4 мин. и 7 сек.)
Во категоријата 2018 и помлади, најдобри беа девојчињата од АК „7 Ноември“ – 1. место го освои Снежана Алексовска со време од 5 мин., 2. место Оливија Раманадова со време од 5 мин. и 1 сек. и Мелани Вацев 3. место со време од 5 мин. и 19 сек. Кај машките, Матеј Каров- 1. место (4 мин. и 13 сек.), од АК „7 Ноември“ – Костадин Семенаков 2. место (4 мин. и 16 сек.) и Стефан Лешев 3. место (4 мин. и 23 сек.).
На главниот спортски настан, на трката на 5 км., во женската конкуренција 1. место го освои Греша Бакраќи од Косово (17 мин. и 30 сек.), 2. Фатих Кангого од Кенија (18 мин. и 27 сек.) и 3. место Анастасиа Пејчева од Бугарија (18 мин. и 41 сек.). Кај мажите учесници, најдобар беше Алберт Кипкорир Тонуи од Кенија (14 мин. и 46 сек.), на 2. место се позиционираше Муџахид Муслими од Македонија (15 мин. и 25 сек.) и Бугаринот Георги Гергов (15 мин. и 30 сек.).
На Националното првенство- трката на 10 км., во женска конкуренција, првак е Валентина Бендек Џебет од Кенија (33 мин. и 19 сек.), 2-позиционирана Бугарката Маринела Тодорова Нинева (34 мин. и 40 сек.) и 3-позиционирана Македонката Андријана Поп-Арсова (35 мин. и 6 сек.). Кај мажите, Серае Велдезги од Еритреја е 1. место (29 мин и 42 сек.), Кенеди Кипкемои Роно од Кенија 2. место (29 мин. и 50 сек.) и 3. место атлетичарот Дарио Ивановски од Македонија (29 мин и 56 сек.).
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го изрази своето задоволство од успешното 2. издание на Инклузивната трка “Run together”, 4. издание на “November run” и професионалната организација на Фондацијата „Ице Бегов“-Скопје и АК „7 Ноември“- Гевгелија.
Атлетскиот клуб „7 Ноември“ и Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје изразија благодарност до сите учесници. Исто така, и благодарност за поддршката за испишување нова историја во македонската атлетика. Како и до сите волонтери, општинските служби, јавни претпријатија и државни органи кои работеа Гевгелија да има прекрасен тркачки викенд.