ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, денеска (3 декември 2024 година), во Народниот театар- Гевгелија, ќе го емитува филмот „Јорговани“. Проекцијата ќе започне од 19:00 часот, а влезот чини 150 денари.
Станува збор за филм што е комична сатира во хаотичниот свет на балканската филмска индустрија, каде што се судираат его со его, а актерите Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се наоѓаат себеси заплеткани во мрежа од сомнителни врски и нестабилни личности.