Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по повод навршувањето три години од градоначалничкиот мандат, даде отчет пред граѓаните за реализираните проекти во општина Гевгелија. Во преполната сала на Народниот театар во Гевгелија, под слоганот „3 години посветено за урбана и модерна Гевгелија 2021-2023, го презентираше сработеното во својот тригодишен мандат. Посебно задржувајќи се на реализираните проекти и активности, со коишто значително се подобрени развојот и условите за живот на граѓаните на општина Гевгелија.
„Нема поубаво чувство од тоа да застанам пред моите сограѓани и да го споделам транспарентно она што сработивме овие три години, проектите кои се реализираа, предизвиците и проблемите со кои се соочивме. Нашата мотивираност и напорна работа, придонесе за успешна реализација на голем број проекти од суштествено знчење за граѓаните на општина Гевгелија. Благодарение на успешната соработка со јавните инститиции, Советот на општина Гевгелија и општинската администрација, беа остварени високи резултати со значителен придонес во секој сегмент во нашата Гевгелија.“- истакна градоначалникот Сарамандов во своето излагање. „Се обврзувам дека ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно, Гевгелија мора да се развива во урбана и модерна општина по примерот на европските општини.“
Низ презентација, се осврна на следниве капитални проекти и активности: изградбата на „Западен булевар“ во Гевгелија, доградбата на ЈОУДГ „Сончогледи“ со капацитет за 130 деца, новиот модерен урбан парк на површина од 6.000 метри квадратни во Гевгелија, реконструкцијата на ДТВ „Партизан“- Гевгелија, новиот спортско-рекреативен центар „Топлик“, изградбата на атлетската патека во спортскиот комплекс кај Старата касарна, првиот инклузивен парк „Ице Бегов“, и реконстуираните и уредени Младински домови во Прдејци, Богородица и Моин. Како и: изградбата на атмосферската канализација во градот во должина од 7.100 метри квадратни, изградбата на патна (на површина од 78.873 метри квадратни на подрачјето на Општина Гевгелија) и комунална инфраструктура (нови цевководи во Богородица и Прдејци, фекална канализација во Давидово и центарот на градот, канализационен и водоводен ситем во УБ 5 „Касарна“ и УБ 4.4), изградба на дел од патот до Ума, прифатилиштето за бездомни животни, изградбата на улицата за нова сообраќајна врска со автопатот Е75, туристичката платформа, Проектот за селекција на отпадот, профунционирањето на времената депонија, уредувањето на старата депонија во зелена површина, и континуирано одржување и проширување на мрежата на јавно осветлување. Исто така, и на зафатите за подобрување на спортската инфраструктура и детските катчиња во училиштата и повеќе населени места и за поодобрување на воспитно-образовниот процес, формираните Секции за деца и бесплатни часови по гитара, ударни инструменти, драмска, пливање), субвенции за набавка на 300 велосипеди, опремена со инвентар Канцеларија за млади, изградбата на фотоволтаични централи за поголема енергетска ефикасност на прочистителната станица, ООУ „Владо Кантарџиев“, ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, воведувањето на услугата лична асистенција за лица со попреченост, набавените 3 електромоторни помагала за лица со попреченост, возило со рампа за лица со попреченост, подобрување на опремата во ТППЕ- Гевгелија со две возила за пожари и др.