Во тек е реконструкцијата на надвозникот на влезот во Гевгелија. По седум децении од изградбата, за првпат се врши реконструкција на надвозникот и коловозот. Овој капитален проект се реализира со средствата од Јавниот повик на Министерството за локална самоуправа и Владата на Република Македонија за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, а преку Министерството за транспорт и врски.
Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, градежните активности опфаќаат: реконструкција на коловозот со поставување полимерна мрежа за стабилност на асфалтот, реконструкција на тротоарите по целата должина, поставување нова ограда на мостот, промена на старите споеви (дилатациони ленти) за поврзување на мостот и изградба на атмосферска канализација на критичните точки од коловозот.
– Со реализацијата на овој проект, влезот во Гевгелија ќе го промени својот лик, а потоа ќе следува уште еден голем проект за изградба на голем кружен тек во непосредна близина на влезот- рече Сарамандов.
Притоа, упати апел за поголемо внимание до учесниците во сообраќајот поради времениот сообраќање режим што е во сила согласно техничката документација.













