Општина Гевгелија се подготви за свеченото отворање на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ на 11 април 2025 година. Особена чест и задоволство, како на локалната самоуправа, така и на сите граѓани, претставува што нашиот град ќе биде домаќин на голем број настани на националните и локалните установи од областа на културата, како и на физички и правни лица кои обавуваат дејност култура на подрачјето на општина Гевгелија во текот на целата година.
Показател за епитетот – „Гевгелија град на културата“ е тоа што изминатиот период од страна на локалната самоуправа беа поддржани и реализирани голем број културни настани што придонесоа за културниот раст и развој на општината. Манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ е уште една можност за уживање во квалитетни, оригинални и разновидни културни содржини, што ќе го привлечат вниманието не само на граѓаните на општина Гевгелија, туку и пошироко, од земјата и од соседството.





