Во тек е партерно уредување на центрарот во Богородица. Ова населено место ќе добие мини-плоштаден простор по завршувањето на градежните активности коишто опфаќаат: целосна реконструкција и поплочување на просторот со павер елементи, изградба на нови патеки, како и изградба на жардиниера за хортикултурни насади.
– На почетокот од мојот мандат, како Градоначалник, нарачавме техничка документација, по што беше извршена реконструкција на старата кафеана „Винојуг“ и просториите на пензионерите, а веднаш потоа беше реконструиран и Младинскиот дом „Мите Танов – Коми“. Центарот на Богородица, заедно со новиот изглед на објектите, прераснува во прекрасно репрезентативно место за уживање на жителите. Секојдневно посветено работиме за подобрување на целосната слика во градот и населените места. Граѓаните заслужуваат дела- истакна градоначалникот Сарамандов, кој направи увид во градежните работи.








