НУ Музеј- Гевгелија организира изложба „80 години победа над фашизмот“, со што ќе го одбележи овој историски јубилеј. Отворањето е утре (9 мај 2025 година), во уметничката галерија „Амам“, со почеток во 12:00 часот. Станува збор за поставка- изложување музејски предмети (експонати) од историската збирка на НУ Музеј- Гевгелија.
Посетителите ќе имаат можност да погледнат оружја и муниција пронајдени на подрачјето на општина Гевгелија и соседните општини, како и фотографии од Втората светска војна. За поставката ќе зборува кустос историчар Тања Трајкова, вработена во НУ Музеј- Гевгелија. Овој настан е дел од програмата за мај за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

