Во организација на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, денеска (19 мај 2025 година), ќе биде отворена Изложбата на мозаици во Уметничката галерија „Амам“. Настанот ќе започне во 19:00 часот, на којшто посетителите ќе имаат можност да ги проследат уметничките вештини на учениците од 6. до 9. одделение, претставени преку техниката мозаик, под менторство на професорката по ликовна уметност, Анамарија Митриќеска Кал`чева.
Оваа изложба во соработка со НУ Музеј- Гевгелија, што се реализира во рамки на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, има за цел да ја поттикне уметничката свест кај младите и да го негуваат креативниот израз. Поканети се сите љубители на уметноста да им дадат поддршка на учениците.

