На 12 април 2025 година, Општина Гевгелија, во спортската сала „26 Април“, беше домаќин на 613 учесника од 9 студија од Република Македонија на 2. по ред Танцов натпревар “GEVGELIJA DANCE FEST”. И тоа: БС „Анабела“- Велес, „Старс“- Кавадарци, „Еурека денс“- Скопје, „Магија“- Пробиштип, „Марбал“- Скопје, „Мистик“- Гевгелија, “One Way”- Струмица, “Urban crew”- Koчани и “Urban crew”- Свети Николе. Оценети од стручна жири-комисија, учесниците се натпреваруваа во повеќе возрасти, почнувајќи од 4 години и во повеќе категории- солисти, дуети, групи, формации и продукции. А се претставија во повеќе стилови: класичен и современ балет, џез, show dance, латино и урбаните стилови хип-хоп, street dance show, К поп.
Организатор на 2. по ред “GEVGELIJA DANCE FEST” е Танцовото студио „Мистик“, а настанот е дел од културните активности за „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Значајно е да се одбележи дека од минатата, годинава бројот на учесници беше поголем за 100.














