понеделник, 9 ноември , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија по повод 82 години од ослободувањето на градот

Petar by Petar
ноември 9, 2026
in ВЕСТИ
0
Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија по повод 82 години од ослободувањето на градот
0
SHARES
8
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на програмата за одбележување на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија, на 6 ноември 2026 година, во Народниот театар- Гевгелија се одржа Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, посветена на одбележувањето на 82-годишнината од ослободувањето на градот.

Свечената седница ја отвори претседателката на Советот на Општина Гевгелија, Aнета Стамкова која во своето пригодно обраќање им посака добредојде на присутните членови на Советот, градоначалникот на општина Гевгелија, гостите од збратимените и пријателски општини, претставниците на Здружението на борците од Народноослободителната војна, јавните установи, бизнис-заедницата, политичкиот, културниот и јавниот живот, како и на граѓаните.

Related posts

На 13 ноември закажано одржувањето на 18. седница на Советот на Општина Гевгелија

На 13 ноември закажано одржувањето на 18. седница на Советот на Општина Гевгелија

ноември 9, 2026
Јавна расправа за нацрт-измената и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за град Гевгелија (Блок 15)

Јавна расправа за нацрт-измената и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за град Гевгелија (Блок 15)

ноември 9, 2026

Осврнувајќи се на историското значење на 7 Ноември, таа потсети на жртвата и храброста на генерациите кои се бореле за слободата на Гевгелија, нагласувајќи дека почитта кон нивното дело подразбира и одговорност за продолжување на развојот на градот. Истакна дека низ историјата Гевгелија ја создавале генерации луѓе кои вложувале знаење, труд и посветеност, а дека нејзиниот иден развој бара континуитет, заедничка работа и одговорност. Во обраќањето беше нагласено дека поволната мултидестинациска положба, туристичките потенцијали и позитивната економска клима се значајни развојни предности на општината, но дека нејзиниот најголем потенцијал остануваат луѓето- граѓаните на Гевгелија и населените места, кои со своето знаење, идеи, работа и иницијативи придонесуваат за создавање отворена, динамична и современа средина.

Претседателката посебно ја истакна важноста на соработката меѓу институциите и граѓаните, меѓусебното почитување, дијалогот и реализацијата на проекти насочени кон потребите на локалната заедница. Притоа, посочи дека иднината на градот не ја градат само институциите, туку и неговите жители со своите успеси, иницијативи и придонес во општественото живеење. Најавувајќи го продолжението на свечената седница, таа го најави обраќањето на градоначалникот Андон Сарамандов, како и доделувањето благодарници на физички и правни лица за нивниот придонес во афирмацијата на Гевгелија.

Во продолжение, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој се осврна на развојот на општината во изминатиот период, реализираните капитални проекти и инвестиции во текот на 2026 година, како и на определбите за продолжување на развојните процеси во градот и населените места.

Осврнувајќи се на визијата со која ја презел одговорноста за водење на општината, Сарамандов истакна дека неговата цел е Гевгелија да се развива како модерна, урбана и економски силна заедница, со подобри услови за живот за сите граѓани.

– Кога ја презедов одговорноста да ја водам нашата општина, си поставив една јасна цел, Гевгелија да ја развиваме како модерна, урбана и економски силна заедница, со подобри услови за живот во градот и во сите населени места.

Притоа, нагласи дека Гевгелија го менува својот лик, станува сè попрепознатлива надвор од државните граници и го зацврстува своето место на регионалната мапа како атрактивна туристичка дестинација, трговски и услужен центар, но и како средина привлечна за нови инвестиции и посетители. Посочи дека зад овие развојни процеси стојат посветена работа, добра организација и јасно поставени приоритети.

Посебен дел од обраќањето беше посветен на капиталните проекти реализирани во текот на 2026 година. Како значајно достигнување, градоначалникот го издвои пуштањето во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“, со која се обезбедени современи услови за згрижување на дополнителни 140 деца. Со оваа инвестиција се проширени капацитетите за предучилишно згрижување и се одговори на потребите на семејствата од општината.

Меѓу позначајните проекти ја посочи и реконструкцијата и реставрацијата на Старата чаршија, со која е обновен изгледот на централното градско подрачје, создадена е нова туристичка содржина и е даден придонес кон заштитата и афирмацијата на културното и историското наследство на Гевгелија.

Во делот на спортската инфраструктура, Сарамандов ја истакна целосната реконструкција на спортската сала „ДТВ Партизан“, изведена по речиси девет децении, со што се подобрени условите за спортски активности и рекреација. Паралелно, со реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ продолжуваат активностите за уредување на старото градско јадро.

Градоначалникот се осврна и на бројните инфраструктурни проекти реализирани во текот на годината, преку изградба и реконструкција на улици, водоводни и канализациски мрежи во Гевгелија и населените места. Со овие активности се решаваат повеќе долгогодишни инфраструктурни проблеми и се создаваат услови за понатамошен урбан развој.

Значајно место во обраќањето заземаа и активностите за заштита на животната средина и уредување на јавните простори. Во текот на 2026 година се изградени нови урбани паркови и детски катчиња во Гевгелија и Миравци, продолжува уредувањето на паркот во Негорци, а започната е и реализацијата на проектот за изградба на голем урбан парк кај Сува Река, на површина од 20.000 квадратни метри. Со овој проект се создава нов простор за одмор, рекреација и дружење на граѓаните.

Во областа на образованието, спортот и културата, Сарамандов ги истакна вложувањата во подобрувањето на условите во основните училишта и поддршката на овие општествени дејности. Посебно се осврна и на отворањето на Дневниот центар за стари лица, со кој се создадени нови можности за грижа, социјализација и активен живот на повозрасните сограѓани.

Осврнувајќи се на економските перспективи, Градоначалникот посебно го нагласи значењето на новите инвестиции и подобрувањето на деловната клима во општината. Истакна дека економскиот развој е еден од најважните показатели за напредокот на локалната заедница, бидејќи секоја нова инвестиција отвора можности за вработување, создава нови економски активности и придонесува за зајакнување на локалната економија.

– Со особена гордост можам да кажам дека Гевгелија денес бележи значаен економски развој и станува сè попривлечна дестинација за нови инвестиции. Ова за мене претставува еден од најважните резултати на нашата работа, бидејќи секоја нова инвестиција значи нови работни места, нови можности и посилна локална економија.

Притоа, Сарамандов посочи дека вистинското мерило за работата на локалната самоуправа не се само реализираните проекти, туку нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните и подобрувањето на условите во кои живеат. Нагласи дека потребите на граѓаните и одговорноста за идните генерации треба да бидат водилка при донесувањето на одлуките и спроведувањето на развојните активности.

Градоначалникот упати благодарност до членовите на Советот на Општина Гевгелија, општинската администрација, јавните претпријатија и установи, бизнис-заедницата, здруженијата, културните и спортските работници и сите граѓани кои со својата работа и ангажман придонесуваат за развојот на општината. Истакна дека постигнатите резултати се плод на заедничка работа, посветеност и соработка, а пред локалната самоуправа претстојат нови предизвици и можности.

Во завршницата од обраќањето, Сарамандов порача дека продолжуваат активностите за реализација на започнатите проекти, новите инвестиции и создавањето услови Гевгелија да биде уште поразвиена, поуредена и подобра за живеење. Изрази уверување дека со заедничка работа и одговорност ќе продолжи да се гради општина во која младите и идните генерации ќе ја гледаат својата иднина.

Пред обраќањето на Градоначалникот, беше прикажан видеоматеријал во кој беа претставени проектите и активностите што ја одбележаа работата на Општина Гевгелија во текот на 2026 година.

Свечената седница беше еден од централните настани во програмата за одбележување на 7 Ноември, обединувајќи го сеќавањето на историското минато и почитта кон борците за слобода со современите заложби за развој на Гевгелија. Одбележувањето на 82-годишнината од ослободувањето беше можност да се потврди значењето на заедничката одговорност, соработката и придонесот на сите чинители во градењето на иднината на градот и општината.

Previous Post

Доделени седмоноемвриските благодарници од Општина Гевгелија за значајни постигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на општината

Next Post

Со положување цвеќе пред спомениците, оддадена почит на борците за слободата по повод 82-годишнината од ослободувањето на Гевгелија

Next Post
Со положување цвеќе пред спомениците, оддадена почит на борците за слободата по повод 82-годишнината од ослободувањето на Гевгелија

Со положување цвеќе пред спомениците, оддадена почит на борците за слободата по повод 82-годишнината од ослободувањето на Гевгелија

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • На 13 ноември закажано одржувањето на 18. седница на Советот на Општина Гевгелија
  • Јавна расправа за нацрт-измената и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за град Гевгелија (Блок 15)
  • Со положување цвеќе пред спомениците, оддадена почит на борците за слободата по повод 82-годишнината од ослободувањето на Гевгелија
  • Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија по повод 82 години од ослободувањето на градот
  • Доделени седмоноемвриските благодарници од Општина Гевгелија за значајни постигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на општината

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset