недела, 14 јуни , 2026
Работно време: Поеделник - Петок 07:30ч. - 15:30ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стопроцентна буџетска реализација во 2024 година

Petar by Petar
февруари 27, 2025
in ВЕСТИ
0
Стопроцентна буџетска реализација во 2024 година
0
SHARES
15
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Општина Гевгелија, на вчерашната 57. седница, ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година со Извештајот за работењето на Општина Гевгелија во 2024 година. Во текот на минатата година, вкупно реализираните приходи на Буџетот на Општина Гевгелија изнесуваат 672.235.552 денари или 99,19 % од планираниот буџет во вкупен износ од 677.730.678 денари. Даночните приходи, во износ од 166.264.326 денари, се натфрлени за 112,18%, а натфрлување од 247,34% е остварено и кај капиталните приходи, во износ од 81.116.963 денари. Неданочните приходи, во износ од 16.316.697 денари, се остварени со 60,00%, приходите од трансфери и донации, во износ од 402.587.657 денари, се реализирани со 86,84%, додека домашното задолжување од 5.949.936 денари или 100,00%. Приходите на Основниот буџет се реализирани во висина од 322.181.345 денари, што претставува натфрлување за 107,02% од планираните приходи, во висина од 301.040.568 денари. Извори на приходи на Основниот буџет се даночните приходи- 166.264.326 денари, неданочни приходи- 3.583.924 денари, капиталните приходи- 81.116.936 денари и трансфери и донаци- 71.216.159 денари.

Вкупно реализираните расходи на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година во висина од 644.308.154 денари изнесуваат 95,07% од вкупно планираните расходи за 2024 година, односно 677.730.678 денари. Значајно е да се одбележи дека реализираните капитални расходи на Основниот буџет во висина од 97.221.415 денари, во споредба со планираните 127.905.200 денари, учествуваат со 98,97%. Тоа, несомнено, ја потврдува развојната компонента на инвестиционите активности, реализирани во текот на минатата година. Додека, во вкупните расходи, капиталните расходи учествуваат со реализација од 118.298.198 денари или 92,49%, во споредба со планираните 127.905.200 денари.

Related posts

Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково

Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково

јуни 12, 2026
15 јуни 2026 година: Во Гевгелија Годишен концерт на Секцијата за гитара

15 јуни 2026 година: Во Гевгелија Годишен концерт на Секцијата за гитара

јуни 12, 2026

Осврнувајќи се на минатогодишното финансиско работње на Општина Гевгелија и остварената буџетска реализација, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна:

– Реализацијата на Основниот буџет на Општина Гевгелија, од којашто зависи спроведувањето на планираните активности и програми во текот на годината е посебно значајна за функционирањето на локалната самоуправа. 2024 година ја завршивме со одлична реализација на Основниот буџет, како во делот на приходната, така и во делот на расходната страна, со што се продолжува трендот со завршување на сите активности што беа планирани. Се надевам дека овој тренд со високи проценти на извршување ќе продолжи и следните години. Во делот на приходната страна е евидентно зголемување по сите ставки, како резултат на зголемената стопанска активност. Во делот на расходната страна, имаме висок и би рекол рекорден процент кај капиталните расходи, затоа што успеавме да реализираме поголем број проекти во градот и во населените места.

– Во 2024 година, беше изграден модерниот урбан парк во градот Гевгелија, оплеменет рекреативниот парк кај „Топлик“, изградена новата сообраќајница до Милци, започна асфалтирањето улицата „Св. Климент Охридски“, односно Западниот булевар, извршено е партнерно уредување во дворот и уредување на спортскиот терен во ООУ „Крсте Мисирков“, како и реконструкција на санитарните јазли и целосно реновиран ходникот со нови плочки во Училиштето. Исто така, во 2024 година започна реконструкцијата на спортската сала ДТВ „Партизан“, a целосно е изграден новиот пазар во Миравци. Во делот на комуналната инфраструктура изградени се нов водоводен и канализационен ситем во Урбан блок 5, кај старата Касарна, нов канализационен систем во централното градско подрачје на улицата „7 Ноември“, а доизградена е фекалната канализација во населеното место Давидово. Целосно е заменета подземната инфраструктура на улицата „Ѓоко Тутушев“, а поставена е и атмосферска канализација на улицата „Ѓорги Стамов“ во Гевгелија. За најмалите и младите во општина Гевгелија, во населените места Мрзенци, Кованец, Мрзенци и во ООУ „Владо Кантарџиев“ се изградени детски катчиња со урбана опрема за играње. Продолжи и веќе е во завршна фаза доизградбата на Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, а со нова тартан-подглога уредени се повеќе спортски терени во градот и населените места.

– Реализирани се и повеќе градежни активности за подобрување на патната инфраструктура на подрачјето на Општина Гевгелија. Покрај одличната реализација на Буџетот за 2024, посебно задоволство ми претставува што, за првпат, после долги години, на крајот од годината, има повеќе средства на жиро-сметката на Основниот буџет од тековните обврски што ги има Општина Гевгелија, околу 59.000.000, а обврските се 54.650.000 денари, со што, на некој начин, се прекина праксата за непродуктивни трошоци, додека остануваат повеќе средства за капитални проекти. Верувам дека во наредниот период и во наредните години ќе се задржи трендот за реализација на повеќе капитални проекти од интерес на граѓаните, истакна градноаначалникот Андон Сарамандов на вчерашната седница на Советот на општина Гевгелија.

Previous Post

Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија (кумулатив) за 2024 година

Next Post

На 6 март, средба за претставување на Програмата за наводнување – Ситем Конско

Next Post
На 6 март, средба за претставување на Програмата за наводнување – Ситем Конско

На 6 март, средба за претставување на Програмата за наводнување - Ситем Конско

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково
  • 15 јуни 2026 година: Во Гевгелија Годишен концерт на Секцијата за гитара
  • Соработка помеѓу Општина Гевгелија и Управата за извршување на санкции: Реализација на општокорисна работа како алтернативна мерка
  • Меѓународен натпревар на млади пијанисти: Силна конкуренција со 60 учесника
  • На 15 јуни 2026 година теристичко прскање против возрасни комарци во општина Гевгелија

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset
pgslot
dewaslot
https://pgslothoki.com/