Во Давидово, во тек се градежните активности за реконстркукција на спортското игралиште во дворот на подрачното училиште. Изведбените работи започнаа со поставување тартан-подлога, а зафатот предвидува и поставување завршна тартан-подлога, одбележување на игралиштето, реконструкција на головите за фудбал, како и поставување нов кош за кошарка, со цел граѓаните од Давидово да добијат модерен спортски терен за спорт и рекреација на сите граѓани.
Имено, во изминатиот период, акцијата на Општина Гевгелија за обновување на спортската инфраструктура ги опфати и игралиштата во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци. Исто така, целосно ревитализиран е спортскиот комплес „Касарна“ во Гевгелија. На терените е поставена модерна подлога, а обновени се и спортските реквизити, со што на децата и младите им се обезбедени најсовремени услови за спортување.