Општина Гевгелија реал
Општина Гевгелија реализира активности за партерно уредување на јавниот простор пред Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, со цел подобрување на инфраструктурата и унапредување на безбедноста во овој дел од градот.
По отворањето на доградениот објект на Градинката и зголемувањето на нејзиниот капацитет, Општина Гевгелија пристапи кон обезбедување нови паркинг-места и воспоставување организација на движењето, за што градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во текот на градежните работи што се одвиваат долж улицата „Ристо Јанев“.
– Со овој зафат значително го подобруваме ликот на улица „Ристо Јанев“ и просторот околу детската градинка. Со оглед на тоа што на овој начин се обезбедуваат нови паркинг места, ја зголемуваме и безбедноста сите учесници во сообраќајот. Со ваквите активности ги подобруваме јавните простори, создавајќи функционални услови за секојдневен живот- истакна Сарамандов.





















