Во манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија, утринава, по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден, беше одржана свечена Златоустова литургија во служба на свештениците од Гевгелиското архиерејско намесништво.
На литургијата присуствуваа голем број верници, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој традиционално заедно со сограѓаните учествуваше во празничното одбележување.
Со молитви за здравје, мир и благосостојба на граѓаните на општината и пошироко, беше благословен празничниот колач.
Овој светол христијански празник, кој манастирот „Св. Спас“ и градот Гевгелија го слават како свој патрон, и оваа година беше одбележан во дух на духовност, заедништво и почитување на традицијата, со пораки за здравје и благосостојба во секој дом.














































