Првата недела од „Гевгелиско културно лето“ ја одбележа и промоција на книгата „Гевгелисувајне“ од Стефчо Стефанов, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Гевгеличани поитаа пред Театарот да го чујат „лафот“ од нивниот сограѓанин на автопромоцијата на најновото книжевно роденче што содржи стотитина приказни напишани на гевгелиски дијалект, а им помага на читателите да ја доживеат Гевгелија.
Стефчо отсекогаш бил уникатен во неговите настапи, но за да биде уште поинтересно и несекојдневно, сопствената промоција ја збогати со учество на гостинот- урбаната легенда и стендап комичар, Дејан Малзарков во улога на Џоче. Кои на принципот прашање – одговор им ја доближија „Гевгелисувајне“ на присутните: од идејата за создавање на делото до издавањето и дека Гевгелија може да има повеќе Гевгелии, што впрочем потврдуваат приказните со доживувањето на градот на различен начин.