Во Гевгелија, е поставен собирен центар за за електронски отпад. Со поставувањето на собирниот центар на улица „Железничка“ бб, пред Мостот на Сува Река (позади кошаркарското игралиште „Иван Пенов“), на гевгеличани им се овозможува на правилен начин да го отуѓуваат електронскиот и електричниот отпад. Собирниот центар е од затворен тип, а граѓаните ќе можат да го отуѓат електричниот и електронскиот отпад со јавување на оставениот телефонски број.
Покрај тоа, обезбедени се и пластични корпи, исто така, за електронски отпад, отпадни слијалици и мали домашни апарати, коишто ќе бидат распоредени по основните и средното училиште за подигање на свеста за одговорност кај намладите.
Оваа урбана опрема е обезбедена во рамки на соработката помеѓу Општина Гевгелија и Друштвото за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ЕЛКОЛЕКТ“ ДОО Скопје, врз основа на потпишан договор. Целта на соработката и поддршката е подобрување на инфраструктурата за управување со отпадот и зголемување на свеста за рециклирање и заштита на животната средина.
Е-ОТПАД е општ термин што се користи да се опишат стари, дотраени или отфрлени уреди кои се поврзани со електрична мрежа и / или содржат електронски делови. Иако, електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии делуваат како нетоксичен отпад, нивното несоодвтено третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање тешки метали во воздухот, водата и почвата, коишто сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и, воопшто, на квалитетот на животната средина.