Во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, Здружението на граѓани „АРТ УМ 023“ организира рекреативно-забавен настан под наслов „Гевгелија на пикник“. Настанот кој ќе се одржи на 15 јуни 2025 година (недела), на локалитетот „Динќут во Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, е замислен како дружење на отворено, во природа, со богата програма која вклучува музика, уметност, гастрономија и презентација на граѓански иницијативи.
Музичката програма ќе ја предводат диџеите од Funky Fresh- Гоце Саф и Чваре, а локална поддршка ќе дадат Димитар, Софијанов, Јаков и Разал Ветаљ. За гастрономското задоволство на посетителите ќе се погрижат штандовите со храна и пијалоци од Гироделика и Џуми. Настанот ќе биде збогатен и со уметнички перформанс во живо – цртање од уметницата Анамарија Митриќеска Кал`чева.
Дополнително, ќе бидат поставени штандови за презентација на граѓански организации и изложба на рачни изработки, со цел да се поддржи локалната креативност и активизам. „Гевгелија на пикник“ претставува можност за сите генерации да уживаат во културна, музичка и општествена разноликост на едно место, под отворено небо.

