Во учебната 2024/2025 година, 230 дечиња од општина Гевгелија ќе го започнат своето основно образование. Според евиденцијата на Одделението за образование при Општина Гевгелија, во ООУ „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“- Гевгелија се запишани по 94 ученика. Додека, во „Ристо Шуклев“- Негорци – 29. Настава во прво одделение, во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, ќе следат 13 ученика. Од вкупниот број запишани првачиња, 119 се момчиња, а 111 девојчиња.
Годинашниот Конкурс за упис на првачиња во учебната 2024/2025 година ги опфати дечињата родени во текот на 2018 година, како и дечињата родени во текот на јануари 2019 година. Минатата година, во прво одделение биле запишани 228 ученика, за 2 помалку од вкупниот број годинава.