Населеното место Давидово ќе добие комплетна фекална канализација. Во завршна фаза е доизградбата на два крака од фекалната канализациона мрежа во Давидово, со што се решава долгогодишниот комунален проблем на петнаесетина домаќинства.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во изведените работи и го изрази своето задоволство што уште еден проект како ветување во својата предизборна програма се реализира, истакнувајќи дека и во наредниот период локалната самоуправа ќе се залага за решавање на останатите проблеми во населеното место.
Должината на двата крака изнесува 440 метри.