Во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на мултифункционалното игралиште кај ДТВ „Партизан“ беше реализиран флешмоб по повод Меѓународниот ден на танцот, со учество на ученици од четврто одделение од ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. Флешмобот, покрај одбележувањето на Меѓународниот ден на танцот (29 април), беше насочен кон поттикнување на креативноста кај учениците, развивање на координацијата, чувството за ритам и зајакнување на тимската соработка.
Учениците изведоа заедничка кореографија поставена на музиката „Y Que Fue“ од Don Miguelo, при што преку синхронизирани движења и усогласена групна изведба ја претставија енергијата и динамиката на танцот како уметничка форма на изразување. Посебен акцент беше ставен на нивната тимска усогласеност и заедничко сценско дејствување. Активноста е реализирана како видеоматеријал, кој ја документира целата изведба и го прикажува креативниот труд на учениците.
Видеото претставува трајна презентација на нивната ангажираност, креативност и сценска изведба, а воедно служи и како промоција на танцот како уметничка дисциплина. Со оваа активност, Пионерскиот дом продолжува да ја унапредува својата улога во развојот на културно-уметничките содржини за деца и млади, поттикнувајќи активно учество, креативно изразување и афирмација на младинската енергија во локалната заедница.
Линк до видеото: Флешмоб


