вторник, 16 јуни , 2026
Работно време: Поеделник - Петок 07:30ч. - 15:30ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зголемена реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2026 година

Petar by Petar
април 28, 2026
in ВЕСТИ
0
Зголемена реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2026 година
0
SHARES
8
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Општина Гевгелија, на 9. седница, го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, за периодот јануари – март.

Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2026 година, во висина од 887.172.293 денари, реализирани се вкупно приходи во износ од 234.994.710 денари или 26,48%, од кои 25.085.609 денари се капитални приходи, а 209.909.101 денар оперативни приходи.

Related posts

Прогласени првенците на генерација во основното и музичкото образование во општина Гевгелија

Прогласени првенците на генерација во основното и музичкото образование во општина Гевгелија

јуни 15, 2026
Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково

Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково

јуни 12, 2026

Од планираните приходи во Основниот буџет во висина од 446.289.554 денари, во периодот од 01.01 до 31.03.2026 година се реализирани 29,69% или 132.350.045 денари. Исто така, реализирани се 23,55% или 91.409.706 денари од планираните 388.210.101 денар приходи од дотации, 22,42% или 6.746.596 денари од планираните 29.947.638 денари приходи од донации и 19,22% или 4.367.363 денари од планираните 22.725.000 денари приходи од самофинансирачките активности на буџетските корисници од дејностите образование, култура и детска заштита.

Реализираните капитални приходи во Основниот буџет на Општина Гевгелија учествуваат со 2,53% или 3.349.032 денари.

Вкупните расходи во Кварталниот извештај изнесуваат 222.967.575 денари, од кои 54.159.479 денари се капитални расходи или 24,29%, а 168.808.096 денари се тековно-оперативни расходи.

Во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 132.350.045 денари, капиталните расходи учествуваат со 53.138.791 денари или 40,10%, додека останатиот дел се однесува на тековно-оперативни расходи во висина од 53.138.791 денар.

Нереализираните приходи, односно средства во вкупниот Буџет на Општина Гевгелија во износ од 12.027.135 денари, од овој извештај се пренесуваат во наредниот период како приходи од блок дотации во износ од 5.340.769 денари и приходи од донации во износ од 6.686.366 денари.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во рамки на расправата за Кварталниот извештај за реализацијата на Буџетот за првиот квартал од годината, се осврна на клучните финансиски показатели.

– Гледајќи ги бројките, реализацијата на Буџетот е на високо ниво, особено ако се има предвид дека во првиот квартал традиционално се бележи пониска реализација. На приходната страна се забележува значително учество на даночните приходи, кое изнесува околу 44,38%, што укажува на стабилна сопствена приходна база и солидна наплата на локалните даноци. Посебно се издвојува високата реализација кај данокот на промет, со приходи во износ од 9.743.124 денари, како и приходите од уредување на градежно земјиште (комуналии), кои достигнуваат 22.841.068 денари. Овие показатели упатуваат на зголемена стопанска активност на подрачјето на Општина Гевгелија. Во однос на приходите од ДДВ, во првиот квартал се реализирани 14.272.260 денари.

Посебен акцент беше ставен и на капиталните расходи, каде што се бележи интензивна динамика во реализацијата на инфраструктурните проекти на подрачјето на општината.

– Во делот на капиталните расходи е евидентно зголемување на процентот на реализација, како резултат на интензивната динамика на спроведување на инфраструктурните проекти. Во текот на првиот квартал се реализираат или се во напредна фаза повеќе значајни проекти на територијата на општината. Започна реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, а во завршна фаза е реконструкцијата на Старата чаршија. Во тек е изградбата на улицата „Новопланирана 7“ кај ЈП „Комуналец“. Извршено е внатрешно опремување на доградениот објект на Детската градинка „Сончогледи“, како и партерно уредување со паркиралиште. Во завршна фаза е изградбата на фекалниот колектор во Блок 12, на потегот од кружниот тек до дискотеката „Де Факто“. Завршена е изградбата на фекалната канализација, а во тек е изградба на водоводен систем на улицата „Александар Бел“.

Паралелно, во завршна фаза се и активностите за уредување на паркот со детско катче кај булеварот, како и детското катче кај Касарната. Се реализира и изградба на атмосферска канализација на улиците „Кукушка“, „Петар Мусев“, „Ванчо Прке“ и „Гоце Делчев“. Во тек е реконструкцијата на старото училиште во Серменин. Завршена е изградбата на фекална канализација на улиците „Караорман“, „Леонид Јанков“, „Радован Ковачевиќ“ и „Новопланирана 2“ кај „Сончогледи“, како и изградбата на канализациона и водоводна мрежа на улиците „Кожуф“, „Миле Пецанов“, „Панче Пешев“, „Караорман“ и „Ристо Јанев“. Дополнително, завршена е изградбата на пешачката патека во Негорци, на потегот кон Прдејци, додека во завршна фаза е и изградбата на нов модерен парк во Негорци. Реализирана е реконструкцијата на влезната улица во Моин, како и изградбата на фекална канализација во Милетково- истакна Сарамандов.

Previous Post

Одобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура Е1.8 – Водови за пренос на електрична енергија – Изградба на нов подземен кабелски 10 (20) kV вод, делница од планирана трафостаница на дел од КП 737 КО Ново Конско до столб бр.72640015 на дел од КП 92/1 КО Моин, општина Гевгелија 

Next Post

Обработени 34 пријави: штета од 10,7 милиони денари по ветровитото невреме во Гевгелија

Next Post
Обработени 34 пријави: штета од 10,7 милиони денари по ветровитото невреме во Гевгелија

Обработени 34 пријави: штета од 10,7 милиони денари по ветровитото невреме во Гевгелија

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Прогласени првенците на генерација во основното и музичкото образование во општина Гевгелија
  • Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково
  • 15 јуни 2026 година: Во Гевгелија Годишен концерт на Секцијата за гитара
  • Соработка помеѓу Општина Гевгелија и Управата за извршување на санкции: Реализација на општокорисна работа како алтернативна мерка
  • Меѓународен натпревар на млади пијанисти: Силна конкуренција со 60 учесника

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset