Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година.
Право на учество: На конкурсот можат да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија, согласно Законот за здруженија и фондации.
Начин на поднесување на пријавите: Пријавите треба да се достават до Општина Гевгелија- преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија, или лично во Архивата на Општина Гевгелија со задолжителна назнака: „Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година“.
Рок за поднесување: 30 декември 2025 година, најдоцна до 16:00 часот.
Повеќе информации за критериумите за учество, потребната документација, начин на аплицирање и процесот на оценување на пријавите можат да се најдат на следниот линк: Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година.


