Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше во посета на населеното место Мрзенци, каде во тек се градежни активности за подобрување на патната инфраструктура. Сарамандов изврши увид во изградбата на улица којашто претставува секундарен влез во населеното место и е доста фреквентна.
Притоа, оствари и средба со граѓани, разговарајќи за секојдневните проблеми. Од страна на жителите на Мрзенци беше изразено нивното задоволство од работата на локалната самоуправа и реализацијата на активности за подобрување на условите за живот.
Градоначалникот потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со решавање на приоритетите на граѓаните со подобри услови за живот во сите населени места.