Излезе новиот број на општинското гласило „Гевгелиски магазин“. Во него се застапени информации за активностите во Општина Гевгелија во последното тримесечје од 2023 година и во првиот месец од новата 2024 година. Исто така, магазинот информира и за работата на Градоначалникот и Советот на Општина Гевгелија.
„Гевгелиски магазин“ во најновиот број, традиционално ја објавува листата на најзначајни настани и личности во Општина Гевгелија, коишто дадоа белег во 2023 година. Покрај тоа, на страниците на „Гевгелиски магазин“ се опфатени и активностите од областа на културата, спортот и младите.
Електронското издание на „Гевгелиски магазин“ е објавен на веб-страната на Општина Гевгелија: https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/Gvg-magazin-januari-24.pdf .