По иницијатива на градоначалникот Андон Сарамандов, во Општина Гевгелија се одржа состанок на тема: „Опасност од пожари за време на високите температури, подготвеност на институциите и преземање мерки при појава на пожар“. На состанокот присуствуваа претставници на: општинската администрација, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, TППЕ- Гевгелија; Дирекција за заштита и спасување, ПЕ- Гевгелија; Регионален центар за управување со кризи- ПУ Гевгелија; Полициска станица за граничен премин; Сектор за шумска полиција- Гевгелија; ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“- Гевгелија и АД Водостопанство Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија.
Целта на состанокот беше подобрување и поголема синхронизирана соработка помеѓу сите локални и државни институции коишто делуваат на подрачјето на општина Гевгелија.
Од состанокот, произлегоа следниве заклучоци и мерки:
– интензивирање на соработката преку редовна координација и комуникација на надлежните институции;
– засилена контрола со патроли од ОВР- Гевгелија, Шумската полиција и ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“ за спречување пожари на шумските предели;
– ТППЕ- Гевгелија да го стави во употреба дронот со специфичен фокус за рано откривање пожари и нивно движење, со којшто ќе се детектираат и предизвикувачите, а против нив ќе се преземаат дејствија за санкции;
– граѓаните доследно да се придружуваат до апелите од ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија за внимание од предизвикување пожари во летната сезона и
– доколку забележат места со оган или дим, веднаш да пријават во најблиските институции или на единствениот повикувачки број за итни повици 112, како и на 193 и 034/211-881.
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/449110529_482731380811563_3392233600199606041_n-1024x768.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/449111786_482731410811560_2990651438652135973_n-1024x768.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/449129294_482731340811567_2142079395704571799_n-1024x768.jpg)
![](https://www.gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/448917720_482731334144901_5383706208794800532_n-1024x577.jpg)