Леонид Цуклев од Гевгелија е победник и освојувач на златен медал на Македонската олимпијада по информатика, која се одржа на 16 и 17 април 2025 година. Со овој успех, Цуклев се стекна со право да биде дел од националниот тим што ќе ја претставува Република Македонија на претстојните Меѓународни натпревари по информатика.
Меѓу нив е и најпрестижниот- Меѓународната олимпијада по информатика (IOI), која оваа година ќе се одржи од 26 јули до 3 август, во градот Сукре- Боливија, како една од 15-те Меѓународни научни олимпијади. Покрај тоа, Цуклев ќе учествува и на Балканската олимпијада по информатика (BOI), што ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври 2025 година, во Удинезе- Италија.


