Надица Петрова со своето stand up шоу, вчеравечер (16 април 2025 година), направи урнебес во Гевгелија. На сцената во Народниот театар- Гевгелија, гевгеличани имаа можност да ја проследат во најдобро издание со трансформацијата во ликови. Што како Лила Филиповска, учесничка – кумановка, битолчанка и кавадарчанка во „Сè или ништо“, или дипломирана актерка која отишла да работи во Германија или пак мала Лепа Брена, успеа еден и пол час да ја смее публиката непрестано.
Нада, Надето и Натчето брилираше со монодрамата, комбинација од „Која сум јас“, „Не се курчи“, претходни stand up шоуа и нешто плус, во продукција на независниот Театар „Златен Елец“ од Скопје. Овој настан е дел од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.




