Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 13. седница на 10 јули 2026 година (петок), во Mалата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.
На дневниот ред се предложени повеќе предлог-одлуки, предлог-решенија и информации од значење за работата на Општината, јавните установи и локалната заедница, како и точката советнички прашања.
Предложениот дневен ред ги содржи следните точки:
1. Предлог-Oдлука за обезбедување средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година- финансиска помош за лекување;
2. Предлог-Одлука за прифаќање донација од ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ Скопје;
3. Предлог-Oдлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Гевгелија;
4. Предлог-Одлука за давање под закуп на училишната кујна во ООУ „Владо Кантраџиев“- Гевгелија;
5. Предлог-Oдлука за давање под закуп на училишната кујна во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија;
6. Предлог-Rешение за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2027 година;
7. Информација за детското престапништво на подрачјето на Општина Гевгелија;
8. Информација за безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Гевгелија;
9. Советнички прашања.



