Првото прскање против возрасни комарци на подрачјето на општина Гевгелија ќе се спроведе на 4 јуни 2024 година, во вечерните часови. За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства навремено да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот временски период.
Имено, на 29 мај 2024 година, на подрачјето на општина Гевгелија, беше спроведено и второто ларвицидно прскање, односно третирање на стоечките води покрај реката Вардар за уништување на ларви од комарци, како и во населеното место Миравци, на местата викани „Плоштавец“ (Брана), „Суводолица“ (покрај старото училиште), „Русалија“ и во населеното место Давидово, „Вардариште“.
Согласно Договорот склучен со фирмата „Зотокс“ ДООЕЛ Скопје по спроведената тендерска постапка, годинава, третманот против комарци опфаќа по 3 ларвицидни и теристички прскања.