Советот на Општина Гевгелија, на 5 јули 2024 година, ќе ја одржи својата 44. седница, на којашто ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија. На претстојната седница, Советот ќе разреши стар и именува нов член во постојаните Комисии за статут и прописи и урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина. Исто така, ќе расправа и по Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2024 година и за обезбедување финансиска поддршка за учество на ученик од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на 7. Меѓународна економска олимпијада во Хонг-Конг (Кина). Како и по предлог- измените и дополнувања на Одлуката за определување тарифа/ цена за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија.
Пред Советот на Општина Гевгелија ќе биде изнесена информација за состојбата со јавен превоз на патници во општина Гевгелија, а ќе бидат разгледани и Измените и дополнувањата на Годишните планови за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за статут и прописи на Советот на О. Гевгелија,
2. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за статут и прописи на Советот на О. Гевгелијa,
3. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на Советот на О. Гевгелија,
4. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на Советот на О. Гевгелија,
5. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
6. Предлог-Решение за именување член во Управниот одбор на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
7. Предлог-Одлука за Измена и дополнување на Одлуката за формирање одбор за подигање спомен-обележје „ПАРАКЛИС ПОСВЕТЕН НА СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“,
8. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2024 година,
9. Предлог-Одлука за обезбедување финансиска поддршка за учество на седмата меѓународна економска олимпијада (IEO 2024) во Хонг-Конг (Кина),
10. Предлог-Одлука за Измена и дополнување на Одлуката бр. 09-2094/1 од 27.12.2023 год. за определување на тарифа/цена за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Гевгелија,
11. Информација за состојбата со jaвниот превоз на патници во општина Гевгелија,
12. Предлог-Одлука за определување широчина на крајбрежен појас на водотек канал РАУЉ кој поминува низ опфатот на блок 7.2 и 7.3 од Измената и дополнувањето на ГУП на град Гевгелија, општина Гевгелија,
13. Предлог-Решение за давање согласност на Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за 2024 година,
14. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на JOУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година.