Поетско-музичката вечер „За тебе љубов моја“, на 6 март 2025 година, ќе го доживее своето 27. издание. Во хотел „Аполонија“, со почеток во 19:30 часот, ќе се рецитира и пее за жената во пресрет на 8 Март. Овогодишни учесници на традиционалната манифестација се: Силвестер и Матеа Проле, Слободанка Арнаудова, Даниела Џишева и Тони Аврамов, Ања Поп-Костова, Петар Јанчев, Катица Џишева Дупарова, Светлана Стојковиќ и Каме Ќаев, Анастасија Зафирова, Бисерка Макревска, Розита Андонова, Зоки Кундурџиев, Ангела Зафирова, Лабрина Лазарова, Стефчо Стефанов и Елена Поп-Костова. Специјален гостин е познатиот македонски артист, Игор Џамбазов.
Влезот е слободен. Традиционалната Поетско-музичка манифестација „За тебе љубов моја“ е дел од културно-уметничките настани од програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и е поддржана од Општина Гевгелија во 2025 година, од Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата.