Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека второто теристичко третирање против возрасни комарци ќе се спроведе на 6 јули 2026 година (понеделник), во вечерните часови. Третманот ќе се реализира на целото подрачје на oпштина Гевгелија со средства одобрени за оваа намена, со цел намалување на популацијата на возрасни комарци и подобрување на условите за живот во летниот период.
Од Општина Гевгелија апелираат до граѓаните, за време на спроведувањето на активностите, да избегнуваат непотребно задржување на отворен простор во зоните каде што ќе се врши третирањето и да ги почитуваат препораките на надлежните служби.
Посебно известување се упатува до пчеларите, кои треба навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства, преку затворање или соодветно обезбедување на кошниците за време на третманот.
Доколку временските услови не овозможат спроведување на третирањето, активноста ќе биде презакажана, а јавноста ќе биде дополнително известена за новиот термин преку официјалните информативни канали на Општина Гевгелија.



