На 8 јули 2025 година (вторник), на подрачјето на општина Гевгелија, ќе се изврши дезинсекција против комарци. Имено, ќе се спроведе ларвициден третман на стојните води покрај реката Вардар и останатите населени места. Во доцните вечерни часови, ќе се спроведе теристичката дезинсекција во Гевгелија и населените места, за што Општина Гевгелија апелира до сопствениците на пчелни семејства да преземаат мерки за нивна заштита.
