На прием кај градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа претставниците на ШК „7 Ноември“- Гевгелија. Сарамандов оствари средба со раководството и членовите младинци по серијата постигнати на натпреварувањата во шах. Имено, петте младинци: Илија Велков, Ефе Ибраимов, Кристијан Кавазов, Филип Видичек и Јосиф Зоев го освоија третото место на екипното младинско првенство во Скопје. Ефе Ибраимов е младински државен првак во категоријата до 16 години, а исто така, на екипното сениорско првенство во Струга тимот на ШК „7 Ноември“ го освои 6. место.
Градоначалникот Сарамандов им го честиташе успехот, изразувајќи го своето задоволство што во општината е голем бројот на младите кои имаат афинитет кон шахот и што со својот ентузијазам и упорно работење постинуваат одлични резултати. Додека, на Ефе Ибраимов му посака успех на Европското првенство во шах којшто ќе се одржи во Прага, Чешка.
Од негова страна беше потенцирано дека локалната самоуправа ќе биде поддршка на сите кои се трудат и работат во насока на остварување добри резултати.