Советот на Општина Гевгелија, на својата 43. седница, го верифицираше мандатот на Николчо Петров од листата на „Левица“ за нов член на Општинскиот совет. Врз основа на констатирањето престанок на мандатот на неговиот претходник Сашко Јанчев поради добиениот пратенички мандат во Собранието, Николчо Петров од Негорци е избран за нов член на Советот на Општина Гевгелија, согласно издаденото уверение од страна Општинската изборна комисија- Гевгелија.
Покрај тоа, Советот ја донесе Програмата за финансирање проекти од областа на НВО во општина Гевгелија за 2024 година, како и го усвои Елаборатот за процена на штета од природна непогода- невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места: Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богородица на 12 март 2024 година. Од областа на урбанистичкото работење, се донесоа измените и дополнувањата на Одлуката за прифаќање на Иницијатива за изработка на измена и дополнување на ДУП за дел од блок 10 (дел 10.5), општина Гевгелија по барање на Друштво за тговија на мало „ЛИДЛ“ ДООЕЛ Скопје, како и измените и дополнувањата на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година.
Исто така, Советот на Општина Гевгелија даде согласност на Годишните планови за вработување на образовните институции за 2025 година. Пред членовите на Советот, беа изнесени повеќе информации за: состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно-изградени објекти во општина Гевгелија, состојбата со и преземните активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за кучињата – скитници во општина Гевгелија и снабдување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија.