Старата Касарна, односно Урбан блок 5.2 и 5.3 ќе добијат нова фекална канализациона мрежа. Во тек се градежните активности за изградба на фекална канализациона мрежа во населбата кај Старата касарна во Гевгелија откако кон крајот на минатата година беше инсталиран нов водоснабдителен систем.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, овој зафат целосно се решава комуналната инфраструктура во двата урбани блокови кои веќе се густо населени, со што граѓаните кои живеат во населбата кај Старата касарна, добиваат нормални услови за живот.
– Со претходно направена анализа од страна на локалната самоуправа, изработени се основни проекти за решавање на потребната инфраструктура со цел нормално функционирање на граѓаните во новите урбани блокови во Гевгелија, истакна Сарамандов.